X
 18.08.2016 Култура

Колку пари спортистите добиваат ако освојат златен медал на Олимпијадата?

Некои спортисти учествуваат на Олимписките игри поради гордост и слава; други пак „бркаат“ медали и парични бонуси.

 

rio


Некои држави на своите спортисти им даваат големи парични награди, доколку се успешни на Олимпијадата, додека други не им даваат ништо.

Фотографијата подолу ги прикажува проценките на паричните бонуси, со исклучок на договорите за спонзорство, кои земјите им ги даваат на своите успешни спортисти.

Џозеф Скулинг стана првиот Сингапурец кој освоил златен медал после неговата победа во 100 метри пеперутка и доби бонус од 580.000 фунти. Од друга страна, Енди Мареј не доби ништо за неговата одбрана на титулата во тенис за мажи.

Поранешниот олимписки пливач Џеф Хјугел вели дека паричните стимулации и не функционираат.

 

долари


Бонусот за медал е одличен и секогаш ценет од страна на спортистите меѓутоа тоа не е нивниот единствен фокус. Едноставно тоа е убав начин да се признаат напорите кои сте ги вложиле во вашата дисциплина“, вели тој.

Спортистите не добиваат само парични стимулации. Така на пример, Јужнокорејците се ослободени од војска, а Германците добиваат бесплатна набавка на пиво доживотно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура