X
 07.09.2020 Образование

Бронзен медал за Сара Стефановска на Европската младинска олимпијада по информатика

Осмоодделенката Сара Стефановска од Крива Паланка освои бронзен медал на Европската младинска олимпијада по информатика. Таа се закити со медал во конкуренција од 92 учесници. Ова е вкупно трет бронзен медал за македонски тим на оваа олимпијада во изминатите четири години колку што постои.
Тимот го составија: Атина Рувинова (Охрид), Јан Стојановски (Скопје), Иван Јовановски (Прилеп) и Ема Димитриевска (Куманово). Три бронзени медали во четири изданија на Европската младинска олимпијада по информатика.


Тимот што ја претстави Македонија

- Учениците од тимот беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, кој редовно го организира Здружението на информатичарите на Македонија, а оваа година се одржа по 31. пат во променети услови поради актуелната пандемија. За среќа, натпреварите по информатика се одржуваат преку системот mendo.mk кој е онлајн-достапен за вежбање во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи - изјави претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов.


Сара Стефановска
Европската младинска олимпијада по информатика почна на 2 септември во виртуелниот домаќин Тбилиси, Грузија. Четвртото издание на Олимпијадата се одржа онлајн, а годинава учествуваа рекордни 27 земји. Во рок од два натпреварувачки дена информатичарите требаше да решат вкупно 6 задачи.
Според правилата за правилно спроведување на Олимпијадата, репрезентациите на земјите-учеснички оваа година требаше да бидат сместени на одредено вистинско место, од каде што ќе пристапат до платформата за натпреварување.
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование