„Инстаграм“ изгледа тестира нова опција која би му овозможила да ги споделува податоците за локацијата со матичната компанија „Фејсбук“, што значи дека „Фејсбук“ би имал речиси комплетна претстава за вашите движења дури и ако не ја користите апликацијата.
Ова било забележано од страна на Џејн Вонг, која открила дека опцијата е сместена во поставките за приватност на „Инстаграм“.
Поточно, поставката вели дека „Историјата на локации“ им дозволува на продуктите на „Фејсбук“, вклучувајќи ги и „Инстаграм“ и „Месинџер“ да изградат и користат историја на прецизни локации добиени преку функциите за локацијата на вашите уреди. Апликацијата би користела следење со GPS за да ги лоцира корисниците на „Инстаграм“ дури и кога тие не ја користат апликацијата.
Еве го описот на тоа во
поставките, како што стои во скриншотовите на Вонг:
„Кога 'Историјата на локации' е вклучена, „Фејсбук“ периодично ќе ја додава вашата моментална точна локација во историјата, дури и ако ја напуштите апликацијата.Можете да ја исклучите опцијата во секое време во поставките на апликацијата. Кога опцијата е исклучена, „Фејсбук“ престанува да додава нови информации во вашата 'Историја на локациите'. „Фејсбук“ сѐ уште може да ја добива вашата најнова прецизна локација за да можете, на пример, да споделите содржина на која е наведена и вашата локација.“