X
 23.11.2018 Живот

Се спасил од затвор благодарение на „Фејсбук“

Кристофер Прекопија (21) од Тексас, кој се соочувал со казна затвор од 99 години, се спасил благодарение на „Фејсбук“ и селфито што го направила неговата мајка во миговите кога наводно се случил нападот за кој бил обвинет.

Имено, неговата поранешна девојка го обвинила за насилно влегување во нејзиниот дом и физички напад врз неа, кој се случил во септември 2017 година. Притоа, тој „ја турнал наземи и со нож за кутии ѝ ја врежал буква ’Х‘ кај вратот“, како што тврдела девојката.

Тие двајца биле во врска како средношколци, кога тој имал 17 години, а таа 15. Раскинувањето било со многу негативни емоции и, како што тврдел Кристофер во судскиот процес, не ја видел цели две години пред обвинението и не знаел каде живеела.

Фото: USA Today

Според обвинението, сите наводи укажувале дека тој ја нападнал девојката, но вистината е многу поинаква. Алибито на момчето го докажа неговата мајка.

Имено, во тоа време таа со синот и неколкумина пријатели биле во хотелот „Ренејсанс Остин“, се сликале, го објавила тоа на „Фејсбук“ и ги означила локацијата и времето. Хотелот е на растојание од еден час возење со автомобил до местото на злосторството.

Тоа време тој бил премногу далеку од домот на девојката и немало како да ја нападне. Така Кристофер ја докажал својата невиност.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот