X
 05.02.2019 Технологија

Главната поза на „Инстаграм“ за 2019 покажува колку лажни станавме

Позата што во 2019 година ќе биде хит на „Инстаграм“ се нарекува „шмајл“ (shmile) и е тотално преправање.

Во следниот период се очекува профилите на оваа социјална мрежа да бидат преплавени со фотографии од толку задоволни лица, со широки насмевки и затворени очи, демек сосема несвесни дека некој ги фотографира и незаинтересирани да излезат добро на фотографијата.

„Shmile“ подразбира затворени очи, како случајно да сте трепнале, благо зафрлена глава и насмевка. Уште една поза која би требало да изгледа природно и опуштено, а всушност е наместена - чекор понатаму во разубавувањето на реалноста на социјалните мрежи.

Зборот е составен од „sh“ од „shut eyes“ (затворени очи) и „mile“ од „smile“ (насмевка).

Секако, ова не е нешто ново, но ете, баш сега, по сите оние грицкања прсти, занесувања и што уште не, некој одлучил дека е ред оваа поза да стане хит. Не знаеме како селфито ќе успее во оваа варијанта.

Погледнете како „шмајл“ изгледа во досегашната практика.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија