X
 07.11.2018 Култура

Кои писатели и кои книжевни дела се најцитирани на „Инстаграм“?

Речиси сите корисници на социјални мрежи, без оглед на тоа за која се работи, барем еднаш објавиле фотографија и некаков стих или цитат што во тој момент нешто им значел. Некои се одлучиле за инспиративни цитати од познатите глумци и филозофи, други за стихови од популарните песни.

Но, дали знаете кој е авторот чии цитати најчесто се објавуваат на социјалните мрежи?

Токму тоа се запрашала Ребека Армстронг, писателка од Велика Британија, и одлучила да спроведе истражување за да дојде до одговор на ова прашање.

Таа користела податоци од „Инстаграм“ и „Гугл“ и направила табела што открива кои автори и книжевни класици се најпопуларни на социјалните мрежи. За жал, вклучила само автори од англиско говорно подрачје, но и меѓу нив има познати имиња.

Армстронг не само што гледала кој автор најчесто се појавува, туку и кое дело најчесто се цитира, а и кога најчесто се појавуваат тие цитати. Така, на петто место се најде познатата британска писателка Џејн Остин, чие има во хаштаговите на „Инстаграм“ се појави повеќе од половина милион пати. Нејзината најцитирана реченица доаѓа од делото „Гордост и предрасуда“.

На четврто место се најде американската писателка Маја Ангелоу чие име на „Инстаграм“ се појавило 600.000 пати, а голем дел од цитатите се од нејзината книга „Знам зошто заробената птица пее“.

Првите три места им припаѓаат на мажите. На трето место се најде познатиот писател Едгар Алан По, чие име се појавува речиси 800.000 пати.

На второ место со речиси милион цитирања се најде писателот Толкин, и неговото дело „Господар на прстените“. Но, цитатот не доаѓа од самата приказна, туку од додатокот што ги објаснува односите меѓу ликовите.

На првото место се најде познатиот писател Вилијам Шекспир. Неговото име е споменато повеќе од два милиона пати, а најчесто цитирани реченици се од неговото познато дело „Ромео и Јулија“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура