X
 14.01.2024 Живот

Половина од тинејџерите сметаат дека се зависни од социјалните мрежи

Анализа од Универзитетот „Кембриџ“ покажа дека речиси половина од британските тинејџери сметаат дека се зависни од социјалните мрежи.

Истражувачкиот тим користел податоци од студија која ги следи животите на околу 19.000 лица родени во Обединетото Кралство помеѓу 2000 и 2002 година.

Кога испитаниците биле на возраст од 16 до 18 години, истражувачите почнале да им поставуваат прашања поврзани со социјалните мрежи. Од вкупно 7.000 испитаници, дури 48 отсто се согласиле со изјавата „Мислам дека сум зависен од социјалните мрежи“. Поконкретно, со таа изјава се согласиле 57 отсто од женските испитаници, а 37 отсто од машките испитаници.

- Не велиме дека луѓето што се чувствуваат зависни се навистина зависни, но не е убаво да се чувствувате дека немате никакво влијание врз сопственото однесување, па затоа е сосема изненадувачки што толку многу луѓе се чувствуваат така - вели Џорџија Тарнер, една од авторите на анализата.

Таа додава дека зависноста од социјалните мрежи не би можела да се третира исто како и другите зависности. Освен тоа, претераното користење на социјалните мрежи кај младите можеби е производ на негативни животни искуства, додава таа.

Извор: The guardian
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот