Оваа графика ги визуализира резултатите од анкетата на „Ипсос“ (специјализирана компанија за истражување на глобалниот пазар и јавното мислење), која ги прашала возрасните дали мислат дека вонземјаните ќе ја посетат Земјата во 2023 година.
фото извор: Visual Capitalist
Истражувањето анкетирало 24.471 возрасно лице во 36 земји, а било спроведено помеѓу октомври и ноември 2022 година.
Индија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати имаат најголем број на испитаници кои веруваат во посета од вонземјани. Тешко е да се утврди една причина зошто овие три земји толку силно веруваат во вонземјани. Тоа може да се должи на богатите митологии од нивните култури, каде што прифаќањето на различните богови, џинови и други магични суштества се преведува во прифаќање на вонземниот живот.
Можно е и религискиот елемент да е во игра. Тековните дискусии за тоа што го тврди Куранот за другите форми на живот, освен за луѓето, предизвикале интерес на интернет.
Тоа може да биде и ефектот на масовните медиуми: филмовите „Војна на ѕвездите“, на пример, биле многу популарни во Индија.
Сепак, тоа очигледно не функционира за други. САД, домот на Холивуд, кој се чини дека објавува барем еден филм за вонземјани годишно - се наоѓаат на средината од групата.
А потоа тука е Јапонија, каде што само 8% од анкетираните веруваат дека посетата е веројатна. Ова е малку изненадувачки со оглед на силниот технолошки напредок на земјата и фасцинацијата од футуристичките теми во популарната култура.
Значи... Дали постојат вонземјани?
НАСА соопшти дека досега нема веродостојни докази за вонземен живот. И покрај повеќекратните „чудни светлосни глетки“, во најновиот извештај на министерството за одбрана на САД се наведува дека нема „проверливи докази“ дека сите „неидентификувани аномални појави“ (нов термин за НЛО), всушност, претставуваат вонземен живот.
Сепак, како студија за веројатност, шансите луѓето да бидат единствената напредна цивилизација во целиот универзум изнесуваат еден на десет милијарди трилиони. Или навистина, навистина, мала веројатност.
Значи, чисто математички, шансите за постоење вонземен живот се веројатни. А, дали би нѐ посетиле - е сосема друго прашање.
Извор: visualcapitalist.com
Фото: Freepik