- Кога луѓето дознаваат колку земји сум посетил, секогаш ме прашуваат кое место ми е омилено. Тешко ми е да одговорам на тоа прашање бидејќи тоа е како да го одберам омиленото дете, а моето „омилено“ се менува според различни критериуми - вели светскиот патник Еш Јурберг.
Според Светската туристичка организација, ниту едно од овие места не е, ниту се наоѓа во најпосетуваните земји за годината - така што би можеле да го избегнете метежот ако ги посетите ова лето - препорачува Аш.
Најубавиот град: Кејптаун
Еш верува дека секој посетител на Кејптаун би бил импресиониран од неговата природна убавина и пејзаж кој вклучува шуми, плажи и величествената планина Тејбл, која се издигнува над градот и заливот. До врвот на планината Тејбл може да се стигне пеш или со жичница, а иако е во добра форма, Еш ја избрал втората опција, што му овозможило да помине повеќе време на врвот.
Погледот на океанот од врвот е сон на секој корисник на „Инстаграм“. За оние што претпочитаат поглед од птичја перспектива на планината Тејбл, можно е и искачување на блиската планина Лајонс Хед, иако таму нема жичница.
Словенија е запоставена
- Срамота е што повеќе луѓе не ја посетуваат Словенија. Особено затоа што се граничи со Италија и може да се додаде на која било италијанска маршрута. Иако Љубљана е прекрасна, не треба да пропуштите патување до езерото Блед. Езерото Блед е најубавото езеро што некогаш сум го видел - изјавил тој.
Покрај Јужноафриканската Република и Словенија, Еш ги издвоил и Бутан, особено главниот град Паро, Исланд, Ел Салвадор и неговата родна земја Австралија.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik