Во 2011 година Бутан спонзорира резолуција на Обединетите нации која ги покани владите да им дадат приоритет на среќата и благосостојбата како начин за мерење на социјалниот и економскиот развој.
На тој начин се роди Светскиот извештај за среќа.
Во 2012 година беше објавен првиот извештај кој ги испитуваше податоците од анкетата спроведена од „Галуп“ од 2006 до 2010 година, во која беа замолени испитаниците од речиси секоја земја да го оценат својот живот на скала од 0 до 10.
Една деценија подоцна Извештајот за среќа во светот за 2024 година ја продолжува мисијата за мерење и споредување на благосостојбата. Најновите наоди вклучуваат и како земјите станале посреќни во текот на изминатите години.
Овие наоди се визуализирани во табелата подолу, која ги прикажува 20. земји што забележале најголем раст на резултатите за среќа од 2010 година.
Фото: Visual Capitalist
Кои земји станаа посреќни од 2010 година па наваму?
Србија ја предводи листата на која се наоѓаат 12 источноевропски земји чиј просечен резултат за среќа е подобрен за повеќе од 20 отсто во последната деценија.
Во истиот временски период српската економија се удвои на 80 милијарди долари, а нејзиниот БДП по глава на жител речиси се удвои на 9.538 долари.
Фото: Visual Capitalist
Македонија се најде на 17. место од вкупно 20 земји и доби плус еден поен на среќа од 2010 до 2024 година и сега има 5,4 поени од вкупно 10.
Од првиот извештај Западна Европа во просек е посреќна од Источна Европа. Но, како што се гледа со овие придобивки за среќа, нивоата на среќа во Источна Европа се приближуваат до оние од западот.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist