X
 07.12.2021 Живот

Необични загатки што ќе ви помогнат да го извежбате мозокот

Сакате да ги „истегнете“ вашите мускули за креативно размислување? Опседнати сте со решавање мистерии? Ако е така, решавањето на овие необични загатки може да биде вашето ново хоби.

Што е латерално размислување?

Латералното размислување се однесува на способноста една личност да решава проблеми со замислување креативни решенија кои не можат да се откријат со дедуктивни или логички решенија. Измислено од малтешкиот лекар и психолог Едвар де Боно, латералното размислување е суштината на креативноста.

Во што се разликува латералното размислување од вертикалното?

Вертикалното размислување е кога човек оди директно на очигледниот и логичен одговор. Со латералното размислување некој може да најде решение за загатка или сценарио што бара да се соберат фактите за да се дојде до креативен одговор.

Можете да го подобрите латералното размислување со латерална загатка. Сè што треба да направите е да го погледнете претставеното сценарио и да најдете контекстни индиции. Понекогаш најточниот одговор на најлатералните загатки за размислување е всушност најочигледниот, поради што не стигнувате веднаш до него. Во други случаи, точниот одговор е навистина тешко да се најде затоа што треба сами да го смислите остатокот од сценариото. Ако ова звучи малку збунувачки, тоа е така затоа што треба да биде!

Забавувајте се малку и испробајте ги овие загатки за латерално размислување за да ги тестирате вашите вештини за суперловење.

1. Двојка влегува во голема сала за бал и открива дека сите се мртви. Нема сторено кривично дело. Двојката не е загрижена од она што го пронашла. Како е ова можно?

2. Морков, шал и пет парчиња јаглен се најдени на тревникот на вашиот сосед. Никој не ги ставил на тревникот, но постои едноставна, логична причина зошто се таму. Која е причината?

3. Возите училиштен автобус. Автобусот е празен кога ја почнувате вашата маршрута. На првата станица се качуваат 4 лица. На втората 8 лица, а слегуваат 2 лица. На третата станица се симнуваат 3 лица, а се качуваат 4 лица. Каква боја се очите на возачот на автобусот?

4. Звукот на 'рчењето на Брајан обично е досаден, но денес предизвикува ужас и паника. Зошто?

5. Еден човек отворил врата, врескал, а потоа бил пронајден мртов, неколку минути подоцна. Во областа не се слушнале истрели. Што се случило со него?

6. Во подножјето на голем рид повеќе од 50 автомобили учествуваат во сообраќајна несреќа. Некои од автомобилите се превртени, а други се потпираат врз други автомобили. Купот е толку голем што во несреќата учествуваат и неколку воени возила и едно противпожарно возило. Што се случи за да ја предизвика оваа голема несреќа?

7. Ако сте сами во темна соба, со само едно кибритче и газиена ламба, камин и свеќа, што би запалиле прво?

8. Една жена има неоспорен доказ на суд дека нејзиниот сопруг бил убиен од нејзината сестра. Судијата изјавува: - Ова е најчудниот случај што сум го видел. Иако тоа е јасен случај, оваа жена не може да биде казнета. Како?

9. Од другата соба се слушаат многу гласови како да има метеж, но по проверувањето на просторијата било откриено дека во неа се наоѓа само едно лице. Што се случило?

10. Во картон има 12 јајца. 12 луѓе земаат по едно јајце, но останува едно јајце во картонот. Како е можно тоа?

prasanja





Одговори

1. Двојката нурка и истражува потонат брод за крстосување. Патниците во балската сала се удавиле кога бродот ненадејно потонал во страшна бура.
2. Предметите биле користени од деца што направиле снешко кој подоцна се истопил.
3. Бојата на вашите очи.
4. Брајан е шофер на автобус.
5. Човекот се наоѓал во авион. Ја отворил вратата додека авионот летал, паднал и починал од падот.
6. Автомобилите, камионите и другите возила се играчки, а со нив игра дете.
7. Кибритчето.
8. Сестрите се сијамски близначки.
9. Другите гласови доаѓаат од телевизор.
10. 12-тото лице го зело јајцето сосе картонот, оставајќи го јајцето внатре.

Извор: Parade.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот