Природното влошување на когнитивните функции е нормална појава кај секоја личност, но неврофизиолозите се уверени дека тоа може значително да се намали доколку правиме одредени активности кои може да бидат и хоби. Ова се некои од препорачаните активности.
Читање
Читањето му помага на умот да се фокусира, да ја развие имагинацијата и да ги развива аналитичките способности и прави мозокот да биде поактивен. Освен тоа, читањето е и еден од најдобрите начини за борба против стресот.
Играње шах
За време на играњето шах се активираат и развиваат двете хемисфери на мозокот, се подобрува помнењето, но и се подобрува стратешкото размислување.
Фото: Pixabay
Борачки вештини
Освен што ќе ви помогнат да научите самоодбрана и да го развиете телото, борачките вештини помагаат да се постигне единство на духот и телото. Тие ја подобруваат способноста за концентрација, фокус и одржување баланс.
Пишување
Без разлика дали го правите професионално или за лични потреби, запишувањето на креативните идеи или цели е добро за мозокот. Пишувањето бара целосна активација на мозокот и ја развива имагинацијата.
Медитација
Медитацијата помага во намалувањето на нивото на стрес и крвниот притисок, го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува способноста за концентрација. Само 10 минути медитација дневно може да ви го подобри расположението и да му помогне на мозокот подобро да работи.
Свирење на музички инструмент
Свирењето на музички инструмент овозможува когнитивен развој и раст на коефициентот на интелигенција. Воедно, тоа го поттикнува когнитивниот развој и ги подобрува координацијата и моторните вештини.
Смеење
Можеби не се смета за хоби, но сигурно е најдобар лек. Смеењето ги опушта умот и телото, а со самото тоа нашиот мозок е помирен и способен за повеќе активности.
Извор:
Studomat
Насловна фотографија: Pixabay