X
 10.08.2016 Култура

Книга наменета за најпаметните

Некои книги е тешко да се прочитаат, меѓутоа мал дел од нив се како книгата Кодекс Силенда. Зошто? Бидејќи самата книга не ви дозволува да ја прочитате освен ако не сте доволно паметни за да ја отклучите.

 

1


Оваа рачно изработена дрвена книга составена од пет страници е создадена од индустрискиот дизајнер Брејди Витни кој собира средства за неговиот проект преку „Kickstarter“.

„Секоја страница има единствена загатка која од читателот бара да ги одговори загатките со цел да може да премине на следната страна“, пишува на веб страната.

 

3

4


„Како што читателот се движи низ книгата, приказната започнува да се расплетува, раскажувајќи за работилницата на Да Винчи која го чува истиот Кодекс. Во приказната, Кодексот делува како замка наместена од Да Винчи а да го фати шпионот со цел да ја заштити неговата работа. Единствениот начин да избега е да ги реши загатките пред учителот да се врати од неговото патување“. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура