X
 08.01.2017 Живот

Агент на ЦИА: „Садам беше најтаинствената личност што некогаш сум ја запознал“

Поранешниот агент на ЦИА, Џон Никсон бил првиот човек кој детално го испрашал Садам Хусеин откако бил фатен во 2003 година.

 Според Никсон, Хусеин бил „најтаинствениот и најсомнителниот“ човек кој некогаш го има запознаено.

„Мислев дека никогаш нема да го пронајдеме, така што воопшто не ми падна на памет дека ќе се сретнеме. На почеток се контролираше повеќе отколку што очекував од личност на која ѝ се промени светот. Се однесуваше како кај нас да доаѓа секоја сабота и како војската која го зароби да му е гостин, а тој нивни домаќин“.

Никсон раскажал и за тоа кои биле неговите цели, односно што тој морал да извлече од Садам.

„Па, Вашингтон имаше доста прашања за кои сакаше одговор веднаш. Веќе првата вечер му поставив неколку од нив, но подоцна имавме некаков вид на формален процес на испитување. Прашање број еден беше каде е оружјето за масовно уништување. Тоа Вашингтон сакаше да го знае. После тоа следеа и низа на други прашања кои беа поврзани со разни групи, кои се неговите намери со војната, а бунтот беше исто така многу важна тема. Тука беа и прашањата од мене личност, како експерт за него, па го прашав некои прашања кои долго време не мачеа“, вели Никсон.

sadam
Фото: Screenshot/BBC

Никсон открил и детали кои му ги кажал Хусеин за оружјето за масовно уништување.

„Рече дека го нема тоа оружје и дека нема активна програма за него, како и тоа дека не планира да започне вакво нешто. На почеток беше најтаинствената и најсомнителната личност која некогаш сум ја запознал и затоа ми беше тешко да му верувам, бидејќи беше толку таинствен, па имате чувство дека не ви кажува се', дури и тогаш кога ја зборува вистината. На почеток бев внимателен, но кога започнавме да ги проверуваме и останатите работи и да разговараме со службениците за нуклеарната програма, започнавме да сфаќаме дека ја зборува вистината“, рече Никсон.

Никсон тврди дека од испитувањето сфатил дека Хусеин бил незаинтересиран за тоа што работи неговата влада и дека немал вистински план за одбрана. Упорно тврдел дека немал никаква врска со терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Хусеин бил уапсен во подрумот на една фарма во градот Адвар, оддалечен 15 километри од неговиот роден град Тикрит. Му било судено и бил егзекутиран на 30 декември 2006 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот