X
 18.09.2019 Живот

САД го тужат Сноуден поради книгата, бараат конфискација на приходите од продажбата

САД го тужат Едвард Сноуден, кој со објавувањето тајни документи во 2013 година го откри масовното американско прислушување на комуникации во целиот свет, и бараат конфискација на сите приходи од продажбата на неговата книга, која беше објавена вчера.

Министерството за правда на САД соопшти дека вчера беше покрената тужба.

Според соопштението, Сноуден ја објавил книгата без претходно да ја достави на преглед, со што ги прекршил договорите потпишани со Националната агенција за безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Во 20 земји вчера почна продажбата на мемоарите на Едвард Сноуден „Permanent Record“.

Во интервјуто за францускиот медиум „Франс Интер“, Сноуден изјави дека заштитата на свиркачите не е „непријателски акт“. Затоа, смета тој, постои можност да се пресели во Франција, каде што може да биде под заштита на законот.

Од 2013 година Сноуден е во Русија, единствена земја што му даде законски азил откако тој објави информации за програмата за тајно следење креирана од американските тајни служби. Тој побара азил и од поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, и од неколку други земји, но единствена реална можност да се скрие од прогонот на Вашингтон е прибежиштето во Русија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот