X
 03.01.2015 Наука

ЦИА ја открива вистината позади НЛО случаите

Вистината е таму некаде, односно на Твитер.

 

2


Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на Америка го искористи крајот на годината за конечно да ја открие вистината за НЛО.

Секој којшто се надевал дека ќе сретне некое зелено суштество ќе биде разочаран затоа што ЦИА ја презема целата одговорност.

Во твитот за најпопуларните приказни за оваа година, ЦИА го открива извештајот од 1998 година кој бил поврзан со НЛО активности од 1950 година.

Извештајот наречен „The CIA and the U-2 program, 1954-1974“, напишан од Григориј Педлоу и Доналд Велензбах, го истакнува учеството на ЦИА во развивањето на U-2 шпионскиот авион.

Извештајот објаснува дека тестирањето на авионот довело до масивно зголемување на НЛО сведочења.

ЦИА вели дека шпионскиот авион бил всушност непознатиот летечки објект кој го пријавиле голем број сведоци во текот на 50-те и 60-те.

 

3


„Тестирањето на U-2 доведе до неочекувани и несакани ефекти - значително зголемување на извештаи за неидентификувани летечки објекти“, се вели во еден дел посветен на овој проблем.

Зошто? Затоа што во 50-те повеќето комерцијални авиони летале помеѓу  3000 и 600 метри, додека воените авиони како што се B-47 и B57 летале под 12.000 метри.

„Најголем број извештаи и сведочења беа најавувани во раните вечерни часови од пилоти на авиони кои летаа од исток кон запад. Кога сонцето паѓаше под хоризонтот на авион кој летал под 6.000 метри, авионот бил во темнина“, објаснуваат авторите.

„Но, ако U-2 се наоѓаше во воздухот во близина на авионот во исто тоа време, неговиот хоризонт од височина од 18.000 метри беа значително повеќе оддалечени, и со оглед на тоа што беше толку високо на небото, неговите сребрени крилја се одразуваа поради зраците на сонцето, па се чинеше дека авионот е многу подолу“, пишува во извештајот.

Во извештајот се додава дека во тоа време никој не верувал дека можело да се управува со авион над 18.000 метри, такашто не се очекуваше да се видат предмети толку високо на небото.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука