X
 08.01.2021 Култура

Оваа неверојатна скулптура крие тунел од папрат низ кој луѓето можат да поминат

Мултидисциплинарниот уметник и скулптор Даниел Попер создава интерактивни јавни уметнички инсталации. Делата на овој неверојатен уметник ја охрабруваат публиката да размислува за различни теми.

Неговите инсталации во кои се мешаат скулптура и дизајн на сцени на музичките фестивали станаа препознатливи по начинот на кој ја повикува публиката да ја прифати својата околина. Едно од неговите најнови дела, наречено „Напредувај“, ќе биде постојана јавна инсталација во населбата Форт Лодердејл, Флорида.

Инсталацијата се одликува со огромна фигура што ги отвора градите, како џин излезен од бајките. Изработена со армиран бетон со стаклени влакна, оваа скулптура тежи околу 14 тони и е висока речиси 3 метри. Структурата располага со лак украсен со папрат низ кој публиката може да помине. Градите на овој џин нежно се отвораат, изолжувајќи го изненадувачкиот зелен ентериер.

На прашањето дали се надева дека публиката ќе комуницира со оваа скулптура, Попер вели: - Се надевам дека ќе продолжат да комуницираат со неа и ќе уживаат во неа многу години. На многу начини ова е симбол на надеж и трансформација, што се од централно значење на светот на многу луѓе во текот на 2020 година.




Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура