X
 24.05.2018 Култура

Која нација најмногу вели „благодарам“?

Кога станува збор за манири, Британија е позната и постојано исмејувана поради својата учтивост.

Затоа, не треба да ве изненади фактот што никој не вели „благодарам“ повеќе од Британците, кои се чини дека се постојано благодарни.

Истражувачите ги анализирале интеракциите меѓу локалните жители што зборувале осум јазици на пет континенти и откриле дека Британците велат „благодарам“ повеќе од кој било друг.

Сепак, наодите откриле дека таквите изрази на благодарност не се толку чести колку што мислите. И покрај тоа што ги надминуваат другите нации, Британците велат „благодарам“ во една од седум пригоди, со оглед на контекстот на интеракциите.

Русите велат „благодарам“ во 3 отсто од времето, додека Полјаците само 2 отсто.

blagodarnost

Веднаш зад Британците (кои велат „благодарам“ 14,5 отсто од времето) се Италијанците со 13,5 отсто.

Со цел да ги соберат сите наоди, истражувачите се фокусирале на секојдневните интеракции помеѓу луѓето што се познаваат, а не во бизнис-интеракции.

Фразите како „одлично сторено“ и „супер“ биле вклучени како израз на благодарност во прилог на „благодарам“.

Додека податоците сугерираат дека сме среде пандемија на манири, наодите во голема мера беа изненадувачки за авторите на истражувањето.

- Оние што го учат англискиот јазик како втор јазик имале тешкотии при приспособувањето на велењето „благодарам“, а анализата на другите култури покажува дека заблагодарувањето често се смета за бизарно и некултурно - велат научниците.

Дополнително на тоа, во случаите кога одредено барање било извршено, а луѓето не се заблагодариле за тоа, ова ретко било коментирано, укажувајќи дека е сосема нормално да биде извршено тоа барање без очекување последователна благодарност.

- Очекуваме помош од блиските врски - семејството и пријателите, но особено семејството. Честопати оваа помош ја земаме здраво за готово - вели Робин Дунбар, антрополог од Универзитетот „Оксфорд“, кој не учествувал во истражувањето.

Тој посочил дека само затоа што Англичаните и Италијанците искажуваат благодарност почесто, не значи дека тие се поблагодарни по природа од другите нации што не биле вклучени во истражувањето.

- Искажувањето благодарност и чувството на благодарност не се иста работа - истакнува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура