X
 07.06.2016 Култура

Најдобрите филмови за 2016 година досега

Како што се доближуваме до половината од годината, време е да погледнеме што нудат летните блокбастери и есенските филмови кои се „скроени“ за Оскар. Но, и време е да ги погледнеме филмовите кои веќе се позади нас.

 

2


Оваа година филмската индустрија ни понуди провокативни, забавни и чудни филмови кои не' транспортираа назад во времето на Нова Англија во 1630-тите и Даблин во 1980-тите. Тие нe' предизвикаа да се соочиме со нашите врски и не' воведоа во три-димензионални компјутерски генерирани светови на зелена вегетација и брилијантни сини реки. Погледнете ги филмовите за оваа година кои можеби сте ги пропуштиле.


1. „The Wich“





Режисерот Роберт Егерс дебитира со филмот за семејство протероано на периферијата на шума во Нова Англија. Егерс успешно користи параноја во приказната за да го наслика портретот на носталгичните емигранти кои се обидуваат да се прилагодат во Новиот свет. Теророт на приказната лежи во начините на кои семејството се потпира еден на друг кога самиот свет е свртен против нив.

2. „Zootopia“

 

 

Можеби филмот можеше да ја ограничи својата инспиративна порака на „Можеш да бидеш се' што сакаш ако се одлучиш за тоа“ (во овој случај, зајаче кое копнее да биде полицаец), но оваа баналност е задоволена во првите десет минути од филмот, а потоа за брзо време преминува во нешто подлабоко: слабо прикриена алегорија за расните односи во Америка.


3. „Midnight Special“


 

Во овој момент Мајкл Шенон може да се опише нешто како муза на режисерот Џеф Николс, со кој соработуваше во „Take Shelter“ како и „Loving“. Во овој филм, актерот глуми татко на момче со натприродни моќи кое е барано од владата и култот од кое избега неговото семејство. 

 

4. „Krisha“

 

Режисерот Треј Едвард го создаде овој филм со доста низок буџет, а како глумци ги „искористи“ членовите од неговото семејство кои не се актери за снимање во домот на неговата мајка. Иако звучи како лош проект, сепак филмот е одлична драма за жена која се бори со злоупотреба на супстанции која го поминува Денот на благодарноста со нејзиното семејство после долга разделба.

 

5. „Born Тo Be Blue“

 

Итан Хоук пее и свири на труба во овој филм за Џејмс Дин на чезот, односно Чет Бејкер, но неговата глума ја надминува чистата техничка мимикрија. Филмот замислува што би се случило доколку Бејкер се откажел од неговата хероинска зависност и се фокусира на музиката. Режисерот Роберт Будро докажува дека не е лошо ако уметникот излезе од формулата на традиционалниот биографски филм.

6. „Everybody Wants Some!!“

 

Најновиот филм на Ричард Линклатер е за деновите на еден бејзбол тим од колеџ до есенскиот семестар во 1980 година. Филмот е одличен наследник на комедијата од 1993 година „Dazed and Confused“ на Линклатер кој ја доловува суштината на младешката желба да се вклопи во друштвото и секако, секс.


7. „Sing Street“

 

Moмче запознава девојка која е „надвор од неговата лига“, па затоа измислува рок бенд во кој свири. Дури и ако приказната звучи познато, мала е веројатноста да видите филм со толкав шарм колку овој на режисерот Џон Карни.


8. „The Jungle Book“


 

Премногу филмови вметнуваат 3D технологија и тоа го прават само затоа што таа постои, па затоа гледањето во 2D е лошо искуство. Филмот на Џон Фавро ги оправдува своите високо-технолошки елементи со изворедни светови на волци и жива природа.

9. „The Lobster“


 

Филмот на Јоргос Лантимос има неверојатна приказна - луѓето кои не успеваат да пронајдат партнер се претвораат во животно по нивен избор. Привлечноста на Колин Фарел е и повеќе од очигледна, а филмот поставува прашања за кои одбива да даде одговор, па затоа резултатот е уште побогат.

 
10. „The Nice Guys“

 

Рајан Гослинг никогаш не бил посмешен од неговата улога во филмот на Шејн Блек кој е комедија за двајца детективи кои ја испитуваат мистериозната смрт на порно ѕвезда во 70-тите во Лос Анџелес. Расел Кроу го игра неговиот колега, а нивните лоши технолошки методи им ја отежнуваат задачата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура