X
 08.02.2019 Живот

Една од најопасните работи во светот

Сѐ може да се случи кога чистач на прозорци работи на јаже поставено на височина од 50 метри, вклучувајќи и средба со пилот очи в очи.

Токму тоа го доживува Франсоа Бота. Тој е свесен за опасностите со кои се соочува кога работи на толкава височина. Вели дека не верува кога некој ќе му каже дека нема страв на првиот работен ден.

2
Фото: SG ACCESS


- Дури и по толку години поминати работејќи на височина и качувајќи се, сѐ уште имам страв да не паднам. Ме опушта тоа што знам дека она на кое работам е детално испланирано, знам дека опремата е внимателно испитана и добро функционира - вели тој.

3
Фото: MIRA ROPE ACCESS GROUP


За Пол Смит, опасноста не е непознат поим. Тој бил снајперист и служел во Ирак, Косово и во Босна пред да се одлучи да ја смени кариерата. Денес, Пол можете да го видите на јажиња, искачен на врвот на зградите како Форт Роуд бриџ, Келпис и катедралата во Единбург.

4
Фото: SG ACCESS


- Иако се чини како многу опасна работа, ги преземаме сите мерки на внимателност и сите мерки за елиминирање на опасноста. Во мојот ум, јас сум убеден дека нема да паднам и дека нема да се случи ништо ризично - вели тој.

Пол, кој работи во фирмата „Ес-џи аксес“, е техничар од „ниво 3“, што е највисока квалификација достапна од Трговската асоцијација за пристап со јаже. Ова меѓународно тело било формирано кон крајот на 80-тите години.

5
Фото: SG ACCESS


Денес овие техничари, кои главно се мажи, работат на високи објекти, како што се канцелариски згради, станови, турбини на ветер, јарболи и мостови. Нивните задачи се разликуваат - од миење прозорци до извршување поправки, одржување, па дури и инсталирање светилки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот