X
 10.10.2016 Живот

Како најбрзо да исчистите кога родителите доаѓаат ненајавено?

Баш кога одлучивте да се одморите и по малку да го запуштите станот, ви се јавуваат родителите и ви најавуваат посета за кратко време. Што тогаш?

 

 

 


Нека не ве фаќа паника, морате да го смислите најдоброто решение за станот да го вратите во најдобар ред и тоа за многу кратко време, за да не дојде до поплаки и критики од страна на вашите родители, кои често тоа го практикуваат.


Ова се работите кои веднаш треба да ги примените кога ќе се случи ваква ненајавена посета :

1. Најпрво почнете со фрлањето на ѓубрето и се мисли на сето она што не ви треба а ви се плетка низ станот, како хартии, ситни работи и слично

2. Погледнете под креветот или тоалетот дали имате оставено облека, постелина и слично на подот и расчистете

3. Ако имате малку време избришете прашина, особено на видните места кои “паѓаат во очи“. Пожелно е прашина да избришете со памучна крпа или парче облека кое не го користите

4. Исчистете ја ВЦ-школката и туш кабината. Трик со кој ова ќе го постигнете за кратко време е да чистите со Кока-Кола

5. Измијте ги садовите или раскренете ги за да не стојат на видливо место

6. Сменете ја постелнината

7. Наместете го креветот

8. Отворете ги прозорите за да влезе воздух

9. Од фрижидерот фрлете се што е со поминат рок

10. Шишињата од пиво, вино и друг алкохол скријте ги на некое скришно место или фрлете ги

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот