X
 09.11.2017 Култура

Почна селидбата на градот Кируна, преместена е првата зграда


Првата од осумте историски градби преместени од Кируна
(Фото: Radio Sweden)


Ако се сеќавате, малото гратче на северот од Шведска со 18.000 жители веќе подолго време има проблем со почвата, поточно со рудникот под земјата.

Државната компанија ЛКАБ со децении сè подлабоко копа во потрага по руда, така што властите едноставно одлучиле да го преселат целиот град.

Иако некои тврдат дека за преселбата ќе бидат потребни сто години, работата им е доверена на норвешки архитекти кои ветиле, а и успеале да го добијат тендерот, целиот процес да заврши за 20 години.

„Изгледа како гасеница која со илјада нозе полека ќе отползи на исток“, рекол еден од архитектите.

ЛКАБ ќе откупува недвижности по цена за 25 отсто повисока од пазарната, а жителите ќе имаат можност да си одберат куќа со слична големина на друга локација, ако толку не сакаат да го напуштат Кируна. Некои од познатите згради сепак ќе се пренесуваат на нови локации со помош на камиони.

Трошокот од преселбата ќе надмине милијарда долари, а сето тоа ќе го покрие ЛКАБ.

И да се навратиме на почетокот, значи, првата од осумте важни историски згради е веќе комплетно преместена.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура