X
 08.02.2019 Наука

Имајте позитивни мисли и ќе бидете здрави!

Позитивното размислување за себе и за вашите најблиски има психолошки и физички придобивки, покажуваат најновите истражувања.

Практикувањето вежби за самочувствителност ги смирува срцевите отчукувања и го исклучува одговорот на телото за закана, што истражувачите веруваат дека може да го намали ризикот од болести.

Во истражувањето спроведено од академци на универзитетите во Ексетер и Оксфорд, 135 здрави студенти од Ексетер биле поделени во пет групи. На групите им биле пуштени различни аудиоинструкции. Истражувачите ги мереле отчукувањата на срцето и реакцијата на пот и побарале од учесниците да пријават како се чувствуваат.

Прашањата вклучува колку безбедно се чувствуваат, колку е веројатно дека ќе бидат љубезни кон себе и дали се чувствувале поврзани со другите.

Двете групи чии инструкции ги поттикнале да бидат љубезни кон себе не само што пријавиле чувство на милосрдност кон себеси туку и покажале телесен одговор кој бил во согласност со чувствата на релаксација и безбедност. Нивните отчукувања на срцето се намалиле, што е здрав знак на срце кое може флексибилно да одговори на променливите ситуации. Исто така, тие помалку се потеле.

Во меѓувреме, упатствата што предизвикале критичен внатрешен глас довеле до зголемени отчукувања на срцето и повеќе потење - што одговара на чувствата што човек ги има кога е под закана или кога е вознемирен.

- Претходните истражувања покажаа дека сочувството кон себе е поврзано со повисоки нивоа на благосостојба и подобро ментално здравје, но не знаеме зошто. Нашето истражување ни помага да разбереме дека механизмот за љубезност кон себе кога нешто не е во ред би можел да биде корисен во психолошките третмани.

- Исклучувајќи го нашиот одговор на закана, го зајакнуваме имунитетот и си даваме шанси за лекување. Се надеваме дека идните истражувања може да го искористат нашиот метод за да го испитаат ова кај луѓето со ментално здравствени проблеми, како што е рекурентна депресија - вели водечкиот истражувач д-р Анке Карл од Универзитетот во Ексетер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука