Двајца геофизичари пронашле доказ дека текот на железото околу јадрото на Земјата може да им даде податоци на научниците за идните големи земјотреси. Истражувачите велат дека Земјата нуди предвидување за земјотресите, и тоа 5 години порано.
Сеизмолозите и геофизичарите веќе поставувале теории за тоа дека Земјиното надворешно јадро придонесува за малите флуктуации кои траат колку еден просечен ден. Овие разлики се толку мали и ги претставуваат најмалите забавувања на брзината со која Земјата патува.
Истражувачите забележале дека има корелација помеѓу варијациите во должината и главната магнитуда кај 7 земјотреси во последните 100 години. Тие сметаат дека стопеното железо кое се движи околу јадрото на Земјата може да биде причината. Ако ова откритие е вистина, тогаш сеизмолозите ќе имаат уште еден ресурс за да предвидуваат земјотреси. Новите мерења би можеле да ни дадат предупредување од 5 години пред да се случи голем земјотрес, па со сето тоа и време за подготвување.
Во моментов, движењето на железото е еден од корисните фактори кои го погодуваат магнетното поле на Земјата, како и должината на денот. Претходно истражување покажало дека во недостиг на надворешна сила, аголниот импулс на Земјата треба да биде зависен од внатрешните сили за да биде константен. Па, јадрото, мантијата, кората, плимата и осеката, атмосферата и криосферата, служат како делови од поголема загатка, за тоа колку прецизно трае еден ден. Промената во еден регион треба да биде пресметана и во друг регион, за соодветно да се одржува балансот.
Во 2017 година светот навлезе во период на подобрена глобална сеизмичка продуктивност со траење од барем 5 години. Ако
истражувањето е точно, тогаш може да се очекуваат од 17 до 20 големи земјотреси секоја година, започнувајќи со 2018. Се поставува прашањето: Дали ќе видиме поголема сеизмичка активност како резултат на веќе разурнувачките климатски промени?