Моето дете се задави со месо пред две години и летоска се присети на тоа, па оттогаш одбива секаков вид храна. Ослабе 7 кг бидејќи не внесува доволно храна, а има апетит, сака да јаде, но се плаши да не се задави повторно. Секоја храна што ќе ја внесе в уста ја џвака со саати и на крај ја плука со изговор дека не можел да ја голтне. Негово основно јадење сега е само течна храна, блендирана како за бебе, ама и таа храна ја џвака со саати.
Имам пробано да му објаснам дека сѐ е во ред со него, разговарано е со саати, денови, месеци и нема успех, однесен е на психолог, ама без успех. Ги викам неговите другарчиња за да јадат со него. Тие ќе си се најадат, а тој нема почнато со јадење, уште првиот залак го џвака. И со витамински сирупи имам пробано за апетит, но без резултат. Во повеќе наврати ми има кажано дека многу му се јаде, ама му е страв. Како да постапам со своето дете за да му помогнам, веќе сум исцрпена и физички и психички. Не можам да си го препознам своето дете, кое претходно јадеше сѐ што ќе најдеше.