Имам син на возраст од две години и четири месеци. Од минатата година посетува градинка, т.е. јасли, а од годинава е во друга група. Проблем се јави која ги смени групата и воспитувачката, па плаче и се плаши да оди во градинка. Штом се споменат градинката и новата учителка, добива напади на бес со гризење, тркалање по под, дури и ја треска главата од под, ѕид, маса, што и да се најде пред него. Не зборува добро, но на мое прашање зошто не сака да оди кај децата, тој со рачето се плеска по лицето. На прашање кој го удрил, почнува нападот на бес. Ве молам за помош.
Одговорот од психолог прочитајте го на
Деца.мк.