Имам голем проблем, јас сум баба и чувам внук бидејќи родителите му се разведоа пред 5 години. Тој има 15 години и ништо не ме слуша, си работи по негово, ден и ноќ е на компјутер. Со татко му седат во една соба иако имаат цела куќа на располагање. Како јадат и пијат – сѐ е тоа расфрлано, го учам дека тоа не чини, треба да биде чист, гледа кај мене како е, ама од едно уво му влегува, од друго му излегува. Мајка му воопшто не се интересира за него, ни му се јавува ни го прашува. Ако го прашам нешто, некогаш ќе ми одговори, но ако го советувам, одма возвраќа. Татко му никаде не работи, па јас и сопругот ги издржуваме со минимални пензии, можете да замислите. Не знаеме што да направиме, ве молам за совет.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк