Паметните телефони на „Епл“ со батерии од трети набавувачи ќе може да се поправаат во продавниците на компанијата, како и кај овластените сервисери, наведено е во интерниот документ кој деновиве протече во јавноста.
„Епл“ досега имаше политика според која купувачите кои во своите „ајфони“ вградиле компоненти што не се оригинални немаа право на службен сервис. Со други зборови, можевте сами да ја менувате батеријата, но и да бидете подготвени да се откажете од поддршката од „Епл“.
Ако објавените документи се автентични, тоа ќе значи дека отсега ќе можете својот „ајфон“ да го однесете на сервис и ако сте му вградиле батерија која не е оригинална, без оглед на тоа дали дефектот е во батеријата или некоја друга компонента.
Доколку е потребно, техничарите ќе ја заменат батеријата со оригинална, секако, со стандардна наплата. Наводно, тие ќе бидат овластени да го заменат и целиот уред ако проценат дека тоа е оправдано.
„Епл“ (како и други произведувачи) досега се противеше (или барем ја отежнуваше) на замената на батериите, меѓу другото и затоа што тој зафат го продолжува животниот век на телефоните и ја забавува замената на стариот
телефон со нов.