Првите батерии веќе се симнати од производствената трака во
фабриката во Невада.
Огромнотo здание е со површина од околу половина милион квадратни метри, каде моментално работат 2.900 вработени, а дополнителни 4. 000 работат на доизградбата на фабриката. Имено, моментално е завршена само една третина од неа, а конечното завршување се очекува до крајот на годината. До 2020 година во фабриката ќе работат вкупно 6.500 работници, а полниот капацитет на фабриката ќе значи и удвојување на светското производство на Li-lon батерии.
Моменталниот асортиман на фабриката го претставуваат батериите за домашно складирање на енергија, додека за неколку месеци ќе стартува и производството на батерии за новиот Model 3.