„Honeycomb Asset Management“ што го води Давид Физел не може да ја замисли иднината на паметните телефони без ОЛЕД-технологијата.
„
Бизнис инсајдер“ дојде до меморандумот што фондот им го испрати на своите инвеститори.
Во меморандумот од „Honeycomb“ истакнуваат дека мобилните со ОЛЕД-екрани би можеле да емитираат чиста слика без потреба за заднинско осветлување, што истовремено би ги направило енергетски поефикасни од сегашните уреди.
„ОЛЕД-екраните се танки како хартија, лесно се виткаат и се преклопуваат, со што можат да се стават на каква било површина, од пластика до стакло. Замислете ѕидови, прозорци и светла на автомобили со ЛЕД-екрани на себе“, стои во писмото на инвеститорите.
Фондот наведува дека паметните телефони изработени со ОЛЕД-технологија би можеле потенцијално да ја удвојат својата површина, благодарение на можностите за преклопување што ги поседува ОЛЕД-технологијата.
Оваа технологија исто така би можела да значи и подолг век за батериите на мобилните телефони, наведува инвестицискиот фонд.
„Јутјуб“ и „Нетфликс“ би можеле најмногу да профитираат од имплементацијата на ОЛЕД-технологијата кај мобилните бидејќи корисниците, благодарение на поголемите екрани, на нив ќе можат да гледаат видеа и филмови.
Од друга страна, „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе можат на своите корисници да им прикажуваат поголеми и поефикасни огласи како придобивка од големите екрани на мобилните.
„
’Голдман сакс
‘ неодамна процени дека ОЛЕД-индустријата до 2020 година ќе вреди 46 милијарди долари, односно трикратно повеќе од сегашната вредност“, додава „Honeycomb“ во својот меморандум.