Бетовен бил роден во сиромаштија, Моцарт умрел во сиромаштија, а Имануел Кант никогаш не го напуштил родниот град Кенингсберг. Ова се само некои од митовите за гениите низ историјата што не се вистинити.
Николај Гогољ немал темна коса
Многумина го замислуваат рускиот писател со темна коса, но се чини дека тоа е погрешно. Тој имал светла коса кога бил дете, а потоа му потемнела. Сепак, дури и во зрелите години немал сосема темна коса и го опишувале како човек со руса коса.
Фото: Николај Гогољ/ Wikipedia
Бетовен не бил роден во сиромаштија
Славниот композитор бил роден во семејство во кое таткото заработувал добро од работата како музичар. Семејството живеело во убава куќа и делумно успехот на Бетовен се должи на неговите родители, кои ги најмиле најдобрите учители за него.
Фото: Бетовен/Wikipedia
Ханс Кристијан Андерсен сакал деца
Често може да се слушне дека Ханс Кристијан Андерсен не го сакал фактот што неговата публика се децата и дека неговите сказни впрочем биле наменети за возрасни. Вистина е дека тој не сакал да биде запаметен само како писател на детски приказни, но тој ги сакал децата и честопати им читал.
Фото: Ханс Кристијан Андерсен/Wikipedia
Имануел Кант патувал и надвор од Кенингсберг
Кант живеел во Кенингсберг целиот свој живот, но тоа не значи дека никогаш не го напуштил. Во период од 4 години филозофот работел како наставник надвор од родниот град.
Фото: Имануел Кант/Wikipedia
Толстој не носел само селска облека
Постои мит дека Толстој носел селска облека, а причина за тоа е една слика од него во таква облека. Но, на писателот не му се допаднал тој портрет. Толстој носел едноставна облека додека работел физичка работа, но кога бил дома или во јавност, носел обична облека, и тоа од направена од стари материјали.
Фото: Толстој/Wikipedia
Моцарт не живеел во сиромаштија
Композиторот бил многу успешен музичар и заработувал доволно за да води пристоен живот. Тој и неговата сопруга трошеле повеќе отколку што заработувал, па во времето кога починал семејството било во долгови. Но, многу од долговите ѝ биле простени на сопругата на Моцарт и таа потоа добивала месечен надомест. Кога станува збор за неговиот погреб, тој бил закопан во масовна гробница бидејќи таква била традицијата во тој период.
Фото: Семејството на Моцарт/Wikipedia
Извор:
brightside.me