X
 12.08.2022 Наука

Околу 0,5 отсто од мажите во светот се потомци на Џингис-хан

Џингис-хан умрел пред осум векови, но неговите потомци живеат и денес. Историчарите одамна знаат дека овој освојувач бил татко на многу деца преку своите 6 сопруги и безброј конкубини. Меѓутоа, истражување спроведено во 2003 година покажало колку многу потомци има тој.

Истражувањето открило дека околу 0,5 отсто од светското машко население се генетски потомци на Џингис-хан. Освен тоа, 8 отсто од мажите кои живеат на поранешната територија на неговата држава имаат идентични Y-хромозоми.

Колку деца имал Џингис-хан?

Истражувачите анализирале 5.000 примероци од крв собрани во период од 10 години од над 40 народи кои ги населуваат регионите во внатрешноста и околу поранешното Монголско царство. Само едно население надвор од границите на царството имало траги од неговата лоза, а тоа е етничката група Хазари кои живеат во Авганистан и Пакистан.

Било откриено дека Џингис-хан има потомци во 16 популации во Азија.

Некои научници процениле дека за време на владеењето, Џингис-хан оплодил над 1.000 жени.

Официјално, признаени се само првите четири сина на Џингис-хан со една од неговите сопруги. Од овие деца, еден син имал најмалку 16 деца, а друг 15.

Точниот неофицијален број на потомци на Џингис-хан не е одреден.

Извор: Istorijski zabavnik
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука