X
 09.06.2026 Култура

На оваа серија ѝ расте популарноста со неверојатна брзина - стана трета најгледана на „Амазон“

Новата романтична драма „Оф кампус“ стана трета најгледана дебитантска серија во историјата на стриминг-платформата „Амазон прајм видео“. Серијата за универзитетски хокеари привлече дури 36 милиони гледачи во првите 12 дена од прикажувањето, надминувајќи некои од најголемите хитови на оваа платформа.

Според податоците на „Амазон“, телевизиската адаптација на популарниот роман ја надмина гледаноста на првите сезони на сериите „Момчињата“, „Ричер“ и „Летото кога станав убава“. Притоа, таа соборила рекорди и станала апсолутен број еден кај женската публика на возраст од 18 до 34 години.

Феномен меѓу помладата публика


„Амазон“ бележи огромен интерес кај помладите гледачи, а „Оф кампус“ го продолжува трендот на привлекување публика што го започна претходниот хит „Летото кога станав убава“. Од платформата истакнуваат дека третата сезона на оваа летна драма достигнала 70 милиони гледачи во првите 70 дена од прикажувањето. Иако „Амазон“ не објаснува прецизно кои параметри ги користи за броење на прегледите, импресивните бројки потврдуваат дека станува збор за глобален хит.

Серијата е базирана на истоимениот роман на Ел Кенеди од 2015 година. Главните улоги ги толкуваат Ела Брајт и Белмонт Камели.

- Кога ќе ја стекнете довербата на публиката и ќе ѝ го понудите она што го посакува, таа публика ќе биде тука за вас, а токму тоа се случи со оваа серија - изјави Питер Фридландер, раководител на телевизискиот оддел во студиото „Амазон МГМ“.

 

Извор: Tportal.hr
Фото: Screenshot/YouTube

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура