X
 08.06.2021 Колумни

КОЛУМНА: Дали професионалниот успех влијае врз нашата личност?

Напредок во кариерата, бонус на платата или ново работно место што ни е предизвик - ова не се само знаци дека сме успешни во нашата работа, туку тие може да нè мотивираат да направиме повеќе. Но, можеби професионалниот успех ни прави нешто друго? Дали е можно професионалниот успех да ни ја промени личноста? Многумина велат дека успехот може да ни „удри в глава“, но дали навистина може да ја промени нашата личност?

Пишува Стефан Симовски, професор по германски јазик и книжевност

Според нашиот однос кон луѓето се проценува дали сме пријателски расположени, комуникативни или срамежливи. Долго време се мислеше дека карактерот на секој од нас не се менува, туку во голема мера останува ист во текот на животот, односно ако некој бил интровертен, тогаш тешко дека во текот на животот ќе стане комуникативен или обратно. Но, напротив, нештата се поинакви, ние во текот на животот навистина карактерно се менуваме.
На пример, одредени животни искуства, како што се развод или долгогодишна невработеност, може да имаат директно влијание врз промената во однесувањето. Тоа значи дека како резултат на вакви социјални промени, може да ја изгубиме самодовербата и да го смениме односот кон другите. Социјалните улоги, како што се на пример бракот и родителството, исто така може да ни ги променат нашите карактерни особини. Како родители, на пример, може да станеме поодговорни.



Професионалниот успех влијае врз промената на нашите карактерни особини!

Но, дали професионалниот успех, исто така, може да ја промени нашата личност? Одредени карактерни особини во голема мера може да ни помогнат да постигнеме професионален успех. На пример, емотивната стабилност, односно доброто справување со критиките и стресот, совесното работење, се разбира, се предуслов за успешна кариера.
Успехот во кариерата и професионалниот развој, по правило, се мерат преку угледот и остварениот финансиски приход. Овие две компоненти вклучуваат емоционална стабилност, отвореност, искуство, толеранција, совесност, но и социјализација и комуникативност. Сепак, емотивно постабилните личности не се секогаш подружељубиви. Отвореноста се зголемува со поголем углед. Лицата  забележуваат дека се поуспешни, стануваат поотворени кон нови идеи и иновативни решенија. Но, постои и уште еден податок преку кој се дефинираат професионално успешните на професионално успешни. Ним им е потребна помала дружељубивост затоа што повеќе се дефинираат себеси преку својот статус отколку преку врските. Покрај тоа, успешните луѓе може да бидат помалку зависни од поддршката на другите, а тоа ја намалува нивната потреба за дружење.
Последните истражувања покажуваат дека професионалниот успех може да влијае врз промената на особините на личноста. Така, на пример, лицата чиј професионален углед и приходи се зголемиле во текот на последните осум години покажуваат промена на три свои карактерни особини.
Успешните луѓе стануваат емотивно постабилни со текот на времето и се поотворени за искуства. Тоа значи дека професионалниот успех придонесува за јакнење на самодовербата, емотивно опуштање и поефикасно справување со стресот. Покрај тоа, професионално успешните со текот на годините станале поотворени во размислувањето и развиле поголема имагинација.

Ефективни мали разлики

Која е причината што успехот може да ги промени нашите особини? Повисокиот приход најчесто се поврзува со емотивната сигурност затоа што за да го постигнете, вообичаено треба да се справите со поголеми предизвици во работата и со тоа ја намалувате својата емоционална несигурност.
Сепак, треба да имаме предвид дека ефектите од промената на особините на личноста се релативно мали. За целосна карактерна промена во однесувањето, се разбира, не може да зборуваме. Како и да е, треба да имаме предвид дека дури и ваквите „мали“ промени во однесувањето може да имаат значително долгорочно влијание во животот на една личност - дури и надвор од професионалниот свет.
На пример, луѓето со поголема емоционална стабилност помалку се подложни на стрес.
Успехот на работа очигледно може долгорочно да има позитивно влијание. Ова покажува дека нашата личност постојано се менува.




Дали професионалниот успех влијае на нашата личност?

Напредок во кариерата, бонус на платата или ново работно место што ни е предизвик - ова не се само знаци дека сме успешни во нашата работа, туку тие може да нè мотивираат да направиме повеќе. Но, можеби професионалниот успех ни прави нешто друго? Дали е можно професионалниот успех да ни ја промени личноста? Многумина велат дека успехот може да ни „удри во глава“, но дали навистина може да ја промени нашата личност?
Според нашиот однос кон луѓето се проценува дали сме пријателски расположени, комуникативни или срамежливи. Долго време се мислеше дека карактерот на секој од нас не се менува, туку во голема мера останува ист во текот на животот, односно ако некој бил интровертен, тогаш тешко дека во текот на животот ќе стане комуникативен или обратно. Но, напротив нештата се поинакви, ние во текот на животот навистина карактерно се менуваме.
На пример, одредени животни искуства како што се развод или долгогодишна невработеност може да имаат директно влијание на промена во однесувањето. Тоа значи дека како резултат на вакви социјални промени може да ја изгубиме самодовербата и да го смениме односот кон другите. Социјалните улоги, како што се на пример бракот и родителството, исто така може да ни ги променат нашите карактерни особини. Како родители, на пример, може да станеме поодговорни.

Професионалниот успех влијае на промена на нашите карактерни особини!

Но, дали професионалниот успех исто така може да ја промени нашата личност? Одредени карактерни особини во голема мера може да ни помогнат да постигнеме професионален успех. На пример, емотивната стабилност, односно доброто справување со критиките и стресот, совесното работење се разбира се предуслов за успешна кариера.
Успехот во кариерата и професионалниот развој, по правило, се мерат преку угледот и остварениот финансиски приход. Овие две компоненти вклучуваат емоционална стабилност, отвореност, искуство, толеранција, совесност, но и социјализација и комуникативност. Сепак, емотивно постабилните личности не се секогаш подружељубиви. Отвореноста се зголемува со поголем углед. Лицата кои забележуваат дека се поуспешни, стануваат поотворени кон нови идеи и иновативни решенија. Но, постои и уште еден податок преку кој се дефинираат професионално успешните на професионално успешните. Ним им е потребна помала дружељубивост затоа што повеќе се дефинираат себеси преку својот статус отколку преку врските. Покрај тоа, успешните луѓе може да бидат помалку зависни од поддршката на другите, а тоа ја намалува нивната потреба за дружење.
Последните истражувања покажуваат дека професионалниот успех може да влијае на промена на особините на личноста. Така на пример лицата чиј професионален углед и приходи се зголемиле во текот на последните осум години покажуваат промена на три свои карактерни особини. 
Успешните луѓе стануваат емотивно постабилни со текот на времето и се поотворени за искуства. Тоа значи дека професионалниот успех придонесува за јакнење на самодовербата, емотивно опуштање и поефикасно справување со стресот. Покрај тоа професионално успешните со текот на годините станале поотворени во размислувањето и развиле поголема имагинација. 

Ефективни мали разлики

Која е причината што успехот може да ги промени нашите особини? Повисокиот приход најчесто се поврзува со емотивната сигурност затоа што за да го постигнете, вообичаено треба да се справите со поголеми предизвици во работата и со тоа ја намалувате својата емоционална несигурност.
Сепак треба да имаме предвид дека ефектите од промената на особините на личноста се релативно мали. За целосна карактерна промена во однесувањето, се разбира не може да зборуваме. Како и да е треба да имаме предвид дека дури и ваквите „мали“ промени во однесувањето може да имаат значително долгорочно влијание во животот на една личност - дури и надвор од професионалниот свет.
На пример, луѓето со поголема емоционална стабилност помалку се подложни на стрес. 
Успехот на работа очигледно може долгорочно да има позитивно влијание. Ова покажува дека нашата личност постојано се менува.

Стефан Симовски
Авторот е професор по германски јазик и книжевност

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни