Алфонс Свинихарт создаде видео кое покажува колку „брзо“ би било патувањето од Сонцето до Јупитер за еден фотон. Еден краток „скок“: само 807 милиони километри, на половина пат низ нашиот Сончев систем. Под „брзо“ се мисли на брзината на светлината - брзина за која многумина веруваат дека е најбрзото нешто со кое може да се патува.
Потребни се:
3:12 минути за да стигне до Меркур
6:00 минути за да стигне до Венера
8:18 минути за да стигне до Земјата
12:39 минути за да стигне до Марс
43:16 минути за да стигне до Јупитер