X
 22.01.2018 Наука

Креиран алгоритам што ќе ја предвидува смртта

Американската администрација за храна и лекови (FDA) одобри да се користи алгоритам што ги следи виталните знаци на пациентите за да помогне во предвидување ненадејна смрт од срцев удар или од нарушување при дишењето. Алгоритамот е наречен „Клиничка бран-платформа“ и е развиен од компанијата што се занимава со медицинска технологија „Ексел медикал“.


Платформата следи промени во виталните знаци и испраќа предупредувања 6 часа пред потенцијалниот смртоносен момент да се случи. Алгоритамот континуирано ги следи пациентите, нешто што е невозможно да го постигнат човечки медицински професионалци бидејќи нема доволно персонал кој може постојано да ја следи ситуацијата, па така проблем се недоволните ресурси и сервиси.

Системот, исто така, може да ги набљудува виталните знаци во релација еден со друг. На пример, мала промена во крвниот притисок може да не биде индикација за нешто сериозно, но кога ќе се комбинира со недоволно апсорбирање кислород, тогаш може да станува збор за нешто сериозно.

Иако е во рана фаза, вештачката интелигенција се покажува корисна во многу делови од медицината. Постојаниот развој помага и во медицинските истражувања и брзото поставување дијагнози. Освен дијагностицирањето, алгоритмите може да помогнат и при утврдувањето на третманот.

Со сето ова медицинските лица и научниците ќе имаат можност за подобро распределување на ресурсите и поквалитетен третман на пациентите.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука