Литар вода во шише содржи речиси четвртина милион невидливи парчиња нанопластика, покажа ново истражување.
Додека истражувачите долго време претпоставувале дека има големи количини ситни пластични парчиња во шишињата со вода, тие не знаеја колку или од кој вид.
Истражувачите од Универзитетите Колумбија и Рутгерс во САД користеле микроскоп со двојни ласери за да ги откријат и да ги категоризираат парчињата.
Набљудувајќи пет примероци, научниците откриле дека нивоата на честички се движеле од 110.000 до 400.000 на литар, во просек околу 240.000.
Станува збор за честички помали од еден микрон. Има 25.400 микрони, наречени микрометри затоа што е милионити дел од метар. Човечкото влакно е широко околу 83 микрони.
Претходните истражувања разгледуваа малку поголеми микропластики кои се движат од видливите пет милиметри до еден микрон.
Во примероците вода се откриени 10 до 100 пати повеќе нанопластика од микропластика, покажа истражувањето. Се чини дека голем дел од пластиката доаѓа од самото шише и од мембранскиот филтер за обратна осмоза што се користи за спречување други загадувачи, вели авторката на истражувањето, Наиксин Кијан, физички хемичар од Колумбија.
Таа не откри кои брендови вода биле испитувани бидејќи истражувачите сакаат да анализираат повеќе примероци пред да издвојат еден.
Дали нанопластичните парчиња се штетни за здравјето?
Коавторката на истражувањето, Фиби Стејплтон, токсиколог од Универзитетот Рутгерс, вели дека научниците допрва треба да утврдат дали нанопластиката претставува голем ризик за здравјето.
- Моментално анализираме. Не знаеме дали е опасно или колку е опасно. Знаеме дека навлегува во ткивата на цицачите, вклучително и луѓето, а сегашното истражување истражува што прави нанопластиката во клетките - вели таа.
- Во моментов има недостиг на стандардизирани мерни методи и нема научен консензус за потенцијалните влијанија врз здравјето од нано и микропластичните честички. Затоа, медиумските извештаи за овие честички во водата во шише не прави ништо повеќе од непотребно плашење на потрошувачите - вели во соопштението за јавноста Меѓународната асоцијација за вода во шише.
Светот се дави во пластичното загадување, со повеќе од 430 милиони тони пластика произведени годишно, а микропластика се наоѓа во светските океани, храната и водата за пиење.
Извор:
News.sky.com
Фото: Freepik