Интернет-предизвикот #Bottlecapchallenge привлекува сѐ поголемо внимание поради учеството на сѐ повеќе славни личности. Се работи за отворање шише на свој, оригинален и посебен начин.
По успешните обиди на Џејсон Стејтам, Џон Мајер, Ендрју Јанг и Ели Гулдинг, и поп-ѕвездата Мараја Кери ја истакна својата оригиналност…
Имено, како што покажува видеото на „Твитер“, таа направи капачето „да летне“ единствено со помош на својот глас.
Секако, има и следбеници што сметаат дека овој подвиг е обична местенка.
Извор: МИА
Фото: Screenshot/Twitter