X
 12.06.2017 Здравје

Зошто не треба да пиете вода од пластично шише што стоело во автомобил?

Во периодот што следи од голема важност е дневно да пиете доволна количина вода како превентивна мерка од топлотни удари и дехидрација. Но, треба да имате на ум дека секоја вода не е добра за пиење.

Ова особено се однесува на водата која престојувала одредено време во топол автомобил. Иако е затворена таа може да се „расипе“.

За што станува збор?

Точно е дека високите температури го расипуваат квалитетот на водата. Научниците во таква загреана вода пронашле две состојки кои се штетни за човековото здравје и кои можат да предизвикаат мачнини во желудникот.

Се работи за антимон и бисфенол А.

Антимонот е тежок метал кој може да предизвика оштетување на црниот дроб, белите дробови и срцето и да предизвика проблеми со желудникот.

Бисфенолот А во телото се однесува како естроген, има влијание врз хормоналниот баланс, а се поврзува и со многу други болести како дебелина и дијабетес.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје