Миење на забите. Време кога одеднаш сите други обврски се поважни. Одеднаш оди да ги собере играчките, мора нешто да земе, да подготви. Да јаде, да оди во бањата. Што било, само да не ги измие забите.
Децата го избегнуваат миењето на забите затоа што им е досадно и затоа што не им е јасна целата приказна поврзана со кариесот. А и не ги интересира многу. Затоа, предлагаме да се обидете со овој трик.
Земете едно јајце и сварете го, а потоа избелете го. Процесот на избелување е: во размер 1:1 во сад ставете вода и оцет (една чаша вода и една чаша оцет) и садот ставете го на оган. Важно е јајцето целосно да биде покриено со течност. Кога водата ќе зоврие, јајцето ставете го под ладна вода и нежно избришете го.
Внимателно ставете го јајцето во празна чаша, а потоа во чашата ставете црн газиран сок. Прашајте го детето што мисли, што ќе се случи со јајцето. Наредниот ден извадете го јајцето од сокот. Детето ќе види дека потемнело. Прашајте го што мисли дека се случило.
Дајте му на детето четка за заби и паста за
заби и охрабрете го да се обиде да го исчисти јајцето, внимателно. Во текот на процесот на чистење, објаснете му дека она што се случило со јајцето е доста слично со она што се случува со нашите заби ако не ги миеме редовно.