Анонимен донатор ги платил сите трошоци за екскурзија во Сараево на која патувале ученици и наставници од селото Саница. Од училиштето истакнале дека на екскурзијата во главниот град на Босна и Херцеговина патувале 102 ученици, а донаторот на сметката на училиштето уплатил 5.000 босански марки и тие пари се искористени за да се платат превозот, влезниците и да се обезбеди џепарлак за децата.
- Условот за реализацијата беше донаторот да остане анонимен и тој инсистираше на тоа. Дури и ангажира посредник, кој ја одработи целата работа за да не се открие неговиот идентитет, а условот беше да се оди во Сараево и екскурзијата да биде со едукативен карактер - истакнаа од училиштето.
Оттаму додаваат дека донаторот оставил тие сами да ја изберат содржината на местата што ќе ги посетат во Сараево.
- Претпоставуваме дека станува збор за некој што на некој начин е поврзан со овие простори и е запознаен со ситуацијата во Саница и во нашето училиште бидејќи тука има многу ученици чии родители не се во можност да одделат пари и да им овозможат вакво нешто на децата - истакнаа од училиштето.
Според нив, донаторот ветил слична поддршка и во иднина и изразил надеж дека неговиот пример нема да биде единствен.
Директорката на училиштето, Азра Шулиќ, му се заблагодари на анонимниот донатор во име на училиштето и учениците, кои истакнаа дека уживале на
екскурзијата.