X
 19.12.2016 Живот

Три периоди клучни за формирањето на карактерот

Со оглед на тоа дека се занимавала со детскиот развој, од раѓањето па до рана адолесценција, Марија Монтесори набљудува три периоди како клучни во формирањето на карактерот.

Најважното искуство кое Марија Монтесори го имала во својата работа е постигнување на нормализација кај детето. Поим кој во педагогијата означува феномен кој се раѓа кај детето тогаш кога тоа длабоко, со селата своја личност се концентрира на активноста која само ја избрало.

Монтесори смета дека волјата и послушноста се делови на еден ист феномен и дека детето поседува вродена мотивација за сопствено самоизградување. Природниот развој на послушноста има три стадиуми.

Во првиот стадиум детето слуша само повремено, не секогаш. Послушноста на детето во овој развој зависи од развојот на неговите способности. Послушноста и непослушноста одат рака под рака. Вториот степен детето го достигнува тогаш кога ќе му појде од рака да се потчинува на барањата секој пат. Неговите способности се зацврстени па со нив може да управува со својата волја, но и да влијае на друго дете. Третиот степен на послушност е оној во кој детето се покорува на подготвеноста, како да е нестрпливо нешто да направи. Посготвеноста да се послуша е насочена кон некоја личност, обично кон воспитувачката. Детето станува нестрпливо и сака да послуша, а тоа му причинува радост.

Ова се трите период на развој кои Монтесори ги смета за клучни во формирањето на карактерот :

- до 6 години – време на создавање, кога детето не разликува добро од лошо, тогаш се поставуваат темелите на карактерот. Период на небалансирана енергија и интензивен напор кај детето, тоа е дури од шестата година прилагодено на времето и средината на која припаѓа, способно да разбира и расудува.

- од 6 до 12 години – детето станува свесно за правилното и погрешното и ја обликува својата морална свест која подоцна доведува и до социјална свест.

- од 12 до 18 години – се создава чувство на љубов кон државата, припадноста на нацијата и се поставуваат темели за зрел период на една возрасна единка, со посебен карактер, потполно подготвена за корелација со други карактери.

Во однос на оваа поделба, изградила систем на однесување, интелигенција, напредок и формирање на карактерот. На детето не му е потребно ни заканување, ниту ласкање, само му се потребни нормални услови за живот. Пореметувањата на карактерот тогаш исчезнуваат сами од себе, смета Монтесори.

Денес ширум светот, многу училишта својата работа ја засноваат на методите на Монтесори. Нејзиниот син основал и институт кој го носи нејзиното име, како своевиден продолжеток на убавата традиција на воспитување и образување по примерот на Марија Монтесори.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот