Постојат многу особини кои би било добро да ги „наследиме“ од нашите куќни миленичиња. Тие се пожртвувани, секогаш добро расположени, скромни, а на најмал знак на внимание реагираат најискрено.
Еве неколку интересни особини што ги имаат животните:
1. Морските коњчиња се моногамни животни. Тие го избираат својот партнер и цел живот го поминуваат заедно. Една љубов за цел живот!
2. Кравите имаат најдобри другарки! Верувале или не, и кравите имаат свои најдобри другарки и доживуваат стрес ако ги раздвојат, тврдат научниците.
3. Видрите се држат за „раце“ кога спијат. Зошто го прават тоа? Едноставно, се обидуваат да спречат да испловат додека спијат и така да се разделат.
4. Пингвините ги запросуваат своите избранички така што им даваат претходно внимателно одбрано камче.
5. Мајмуните ја ценат рамноправноста и се залагаат за „исти плати“. Кога некој мајмун ќе добие повисока награда за иста извршена работа, мајмунот што останал оштетен покажува видна нервоза.
6. Стручњаците велат дека малите машки кучиња во текот на играта понекогаш им дозволуваат на женките да победат, како знак на наклонетост.
7. Се верува дека слоновите се животни кои покажуваат највисок степен на емпатија и тоа не само кон својот вид, туку кон сите живи суштества.
8. Дивите африкански кучиња чувствуваат длабока почит кон постарите и болни членови на својата глутница и се грижат за нив.
9. По мирисот на своето слонче, мајката слоница успева во својата голема ментална мапа, како во компјутер, да ги спакува информациите каде си игра слончето и каде тргнало да оди.
10. Дабарите се најверните
животни! Во градењето на куќата и браните, како и во одгледувањето на младенчињата, учествуваат двајцата родители, а „нова љубов“ пронаоѓаат само во случај на смрт на партнерот.