X
 21.12.2022 Живот

Њујорк ќе забрани продажба на домашни миленици

Њујорк деновиве донесе закон со кој од 2024 година ќе биде забранета продажбата на домашни миленици. Целта на сојузната држава е да се искорени прекумерното размножување на животните и да се понуди опцијата за посвојување.

Според новиот закон, продавниците за домашни миленици ќе работат со засолништата за да нудат спасени или напуштени животни за посвојување. Освен тоа, на одгледувачите ќе им се забрани да продаваат повеќе од девет животни годишно.


Фото: Pixabay

- Ова е многу голема работа. Њујорк има тенденција да биде голем купувач и профитер од таканаречената фабрика на одгледувачи, а ние се обидуваме да ја прекинеме побарувачката на мало - изјавил сенаторот Мајкл Џанарис, додавајќи дека индустријата за одгледување кутриња ги третира животните како „стока“ и нема продавница за миленичиња која не е погодена од ова.

Пред две години Мериленд ја забрани продажбата на мачки и кучиња во продавниците за домашни миленици, а една година подоцна Илиноис го забрани продавањето комерцијално одгледани кутриња и мачиња во продавниците за домашни миленици.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот