X
 08.08.2019 Живот

Ако седнете на римските „Шпански скали“, може да бидете казнети со 250 евра

Прочуените „Шпански скали“ (вкупно 136) од 18 век, кои водат до црквата „Тринита деј Монти“, се под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство. Но, честопати се и место за одмор на туристите што го обиколуваат градот.

Сепак, според новите закони на градот, туристите не смеат да седат на скалите и сè почесто се наоѓаат во непријатна ситуација – полицијата да ги растерува оттаму. Покрај тоа, на туристите, исто така, им е забрането по славните скали да влечат куфери и торби со тркалца, како и детски колички.

Казната за седење на скалите е 250 евра, а 400 евра ќе платите доколку ги извалкате или оштетите.

Слични мерки се во сила и во Венеција, каде што полицијата патролира околу Плоштадот на свети Марко и другите културни споменици. Таму туристите не смеат да јадат или „кампуваат“ на скалите и околу спомениците, ниту, пак, смеат со уста да ги допираат цевките на фонтаните од каде што тече вода.

На плажата кај Ераклеја, пак, близу Венеција, на пример, не смеат да се прават кули од песок, а на Капри не смеете да носите бучни чевли. Притоа, не се мисли на кломпите – тие се забранети уште од 1960 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот