X
 21.12.2022 Живот

Италија забрани употреба на мобилни телефони на часовите

Владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони објави писмо потпишано од министерот за образование Џузепе Валдитара со кое се забранува употреба на мобилни телефони за време на часовите.

Во текстот се наведува дека употребата на мобилни телефони претставува „елемент на одвраќање“ и чин на „непочитување кон наставниците“.

Главниот приоритет наведен во писмото е враќање на авторитетот на наставниците.

Исто така, се наведува дека употребата на мобилни телефони и други електронски уреди сепак ќе биде дозволена доколку е за едукативни цели.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот