X
 08.09.2022 Економија

Во Италија казни до 3.000 евра за тие што нема да ги почитуваат мерките за греење

Италијанската Влада планира да ја скрати грејната сезона и температурите во јавните згради да бидат пониски за 1-2 Целзиусови степени.

Според планот, во повеќето италијански општини грејната сезона ќе почнува дури во ноември. Во планот, кој ѝ е предаден на Европската комисија, се предвидува греењето во текот на денот да биде пократко за еден час, а стандардната температура да биде ограничена на 17 до 21 степен, во споредба со сегашните од 18 до 22 степени.

Властите најавиле и контрола на спроведувањето на мерките, а оние што нема да се придржуваат ќе платат казна до 3.000 евра. Се очекуваат и промени во уличното осветлување.

Според податоци од Владата, Италија годинава потрошила двојно повеќе пари за увоз на енергија отколку во 2021 година. Министерот за економија Дениел Франк споменал дека на енергија досега биле потрошено околу 100 милијарди евра, во споредба со 43 милијарди евра во цела 2021 година.

Извор: Politika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија