Кореја е позната по различните култури, величествените облакодери, вкусната храна и високоразвиената технологија. Но, јужнокорејскиот фотограф Сим Кју-Донг ни ја покажува и другата страна на тамошниот живот, така што ни го покажува малиот станбен простор наречен „Гошивон“, каде што живеат најсиромашните Јужнокорејци.
Се чини дека овие сместувачки капацитети се дом и за луѓе што завршиле на улица или се соочуваат со ментални или физички проблеми. Во такви случаи „Гошивон“ е тронка надеж, а не очај.
Сим објаснува што мислат луѓето за таквите услови, кој може да си дозволи такви соби и зошто луѓето воопшто избираат да живеат во тие соби.
- Собите се прилично мали, само за спиење и учење - објаснува Сим.
Но, тие станале евтин простор за живеење за кој не е потребен депозит. Дури и ако сакате да изнајмите мало студио во Сеул, ќе треба да оставите голем депозит, а кириите се многу високи, па некои луѓе што немаат многу пари некое време живеат во „Гошивон“.
Во собите вообичаено има кревет, маса и плакар, но сѐ друго се дели со другите станари. Пред сѐ, спиењето на многу мал кревет прави да се чувствувате неудобно. Дури и ако ја затворите вратата и останете сами, немате чувство дека сте сами. Вревата од другите соби е невозможно да се игнорира.
- Сепак, мојот прв престој во „Гошивон“ беше подобар отколку што очекував. Можев да живеам едноставен живот со неколку парчиња облека и багаж во мала соба. Тоа беше место кое ненамерно ме натера да го почувствувам шармот на минималистичкиот живот - вели Сим и додава дека без овие сместувачки капацитети, тој не би можел да си замисли да оди во Сеул.
Сим истакнува дека токму поради тие причини, некои млади луѓе, кои штотуку ги направиле првите чекори во реалниот свет, живеат во „Гошивон“ додека не заштедат доволно пари за да изнајмат куќа.
Цената зависи од квалитетот. Собата што ја фотографирал Сим е најевтина и киријата за неа е околу 200 долари. Другите се малку подобри и чинат околу 500 долари. Соба во која има и бања е поскапа и обично за неа се доплаќаат 5 долари. И соба со прозорец исто така е поскапа. Киријата зависи и од тоа дали прозорецот е од страната на ходникот или од надворешната страна.
Извор и насловна фотографија:
Bright Side