Корејскиот рапер
Psy стана познат по целиот свет пред 4 години кога сите полудеа по неговата песна “Gangnam Style“. Песната на “YouTube“ и до ден денес достигнува гледаност од над 2,5 милијарди пати.
Вистинското име на раперот е Park Jae Sang, а песната која тогаш се рашири на интернет со молскавична брзина, е најпопуларната песна во корејската поп музика и историја,
запишана во Гинисовата книга на рекорди. Поради големата популарност на хитот во светот на музиката, Јужна Кореја, како земја се најде во центарот на вниманието, а Psy стана амбасадор на туризмот.
Следуваа песните: “Gentleman“ и “Hangover“ кои не успеаја да го повторат успехот на “Gangnam Style“. Но во 2013 година Psy признал дека големата слава и тоа како влијаела на него, па се предал на алкохолот. Во
едно интервју признал дека пиел и дење и ноќе.
“Вотката е мојот најдобар пријател. Ако сум среќен пијам, ако сум тажен пијам. Ако паѓа дожд пијам, ако е сончево пијам- изјавил раперот и на шега додал дека не консумира алкохол само кога е мамурен.
Раперот имал тешко детство, не се сложувал со својот татко, а во раната младост завршил во затвор поради пушење на марихуана.
Инаку во споменатиот хит кој се слуша до ден денес,
“Gangnam“ означува елитна област во Сеул, Јужна Кореја што Psy во хитот ја исмева. Ова соседство може да се спореди со соседството од култната серија “Беверли Хилс“, бидејќи во неа живеат богати и славни. Но оригиналните жители на “Gangnam“ никогаш не би се фалеле со своето потекло, за разлика од богаташите кои не се економични и се опседнати со изгледот, парите и модата.
Да се потсетиме уште еднаш на хитот
“Gangnam Style“.