Американската вселенска агенција НАСА штотуку го откри необичниот облик на нашиот Сончев Систем. Тој личи на кроасан.
Истражувачите користеле податоци од повеќе мисии на НАСА за да ја добијат формата на магнетниот меур кој ги опкружува сите планети во нашиот систем. Овој меур изгледа чудно и воопшто не наликува на она што би го претпоставиле многумина.
Надвор од магнетниот меур, кој ги обвиткува сите планети во нашиот Сончев Систем, се наоѓа меѓуѕвезден простор. Тоа е празнината помеѓу нашиот Сончев Систем и другите планетарни системи.
Тешко е да се фотографира меурот, познат како хелиосфера, однатре. Најблиската граница до нас се наоѓа на околу 16 милијарди километри. Само две вселенски летала направени од човекот стигнале во близина на границата кога патувале надвор во меѓуѕвездениот простор.
Научниците успеале да добијат поглед во обликот на меурот однатре анализирајќи честички што летаат кон Земјата. Овие наполнети честички доаѓаат кон Земјата од далечни делови на галаксијата, но и од внатрешноста на нашиот Сончев Систем. Тие отскокнуваат од меуриот пред да стигнат до Земјата.
Научниците ги користат овие честички како радар и гледаат како тие отскокнуваат од рабовите за да разберат каде се наоѓаат тие рабови. Научниците користеле и податоци за соларните ветрови од мисии на НАСА до други планети.
Разбирањето на хелиосферата и нејзиниот облик е клучно за нашето разбирање на животот
на Земјата. Меурот функционира како штит за Сончевиот Систем од космички зраци кои би можеле да предизвикаат проблеми за животот на Земјата. Освен тоа, тоа може да ни помогне и да разбереме каде би можело да има живот во универзумот.
Автор: Ендру Грифин
Извор:
independent.co.uk